Достапни линкови

logo-print

Европскиот суд пресуди во корист на турски демонстранти


Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на двајцата турски државјани кои ја тужеа Турција тврдејќи дека биле малтретирани од полицијата за време на демонстрациите на 1 мај 2006 година. Судот пресудил дека Турција треба да им плати по 15.000 евра на секого за нанесена морална штета и 1.760 евра за расходи. Зухал Субаш и Али Чобан тврдат дека додека учествувале во демонстрациите во Измир биле физички нападнати од полицајци, а турските власти не спровеле ефикасна истрага за случајот.
XS
SM
MD
LG