Достапни линкови

Фудбалот ги соединува младите од Балканот во Охрид


Под мотото „Фудбалот соединува“, 400 млади фудбалери од балканските држави во Охрид беа дел од голем фудбалски турнир чија главна цел е зголемување на соработката меѓу младите од Западен Балкан.

Под мотото „Фудбалот соединува“, 400 млади фудбалери од повеќе балкански држави во Охрид беа дел од голем фудбалски турнир чија главна цел покрај спортски натпревар беше дружењето, забавата и почнувањето нови пријателства и јакнење на меѓународната размена помеѓу младите од Западен Балкан. Од Охрид беше упатена порака за мир и пријателство на Балканот во време кога регионот сè уште се соочува со сериозни проблеми.
Сите овие деца овде се родени во новите системи кои настанаа после распадот на поранешна Југославија и тие немаат многу познавања за поранешниот систем. Комуницираат, се дружат меѓу себе, и на тие социјални мрежи споделуваат свои искуства за својата држава. Мислам дека активноста која ја прави УЕФА на Балканот дава ефекти.

Балканијадата се одржува еднаш годишно во една од земјите од Балканот. Поранешниот потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија и претседател на Невладината организација Глобал, Иван Анастасовски, вели дека фудбалот има таква моќ да ги држи луѓето заедно, а не да ги разединува.
Млади фудбалери од Мостар.

Млади фудбалери од Мостар.


„Сите овие деца овде се родени во новите системи кои настанаа после распадот на поранешна Југославија и тие немаат многу познавања за поранешниот систем. Комуницираат, се дружат меѓу себе, и на тие социјални мрежи споделуваат свои искуства за својата држава. Мислам дека активноста која ја прави УЕФА на Балканот дава ефекти“, вели Анастасовски.

Ивана Милошевиќ, претседател на проектот Балкан Алпе Адрија во Србија, вели дека лошото минато ги прекинало врските помеѓу луѓето од регионот на Балканот.
Цела една генерација порасна во едно време во кое немаше речиси никакви контакти. Организирајќи ги овие турнири, младите повторно почнаа да се дружат, да соработуваат, да воспоставуваат контакти, да ги уриваат бариерите кои настанаа за време на војната и почнаа да сфаќаат дека се исти, дека исто размислуваат, дека сакаат исти работи и дека регионот има добра перспектива. Со оглед на тоа дека секоја година имаме сè повеќе учесници, тоа зборува за успехот на ова програма.

„Цела една генерација порасна во едно време во кое немаше речиси никакви контакти. Организирајќи ги овие турнири, младите повторно почнаа да се дружат, да соработуваат, да воспоставуваат контакти, да ги уриваат бариерите кои настанаа за време на војната и почнаа да сфаќаат дека се исти, дека исто размислуваат, дека сакаат исти работи и дека регионот има добра перспектива. Со оглед на тоа дека секоја година имаме сè повеќе учесници, тоа зборува за успехот на ова програма“, вели Милошевиќ.

Во поделениот босански град Мостар, проектот успеал да ги спои младите од двете страни на градот, вели Мехмет Мешааговиќ од Фудбалскиот клуб Локомотива од Мостар.

„Ние успеавме да го споиме она што до скоро беше неспоиво. Во нашата екипа со која дојдовме во Охрид се наоѓаат играчи од сите националности кои живеат во Мостар. И она што е значајно е дека дружењето продолжува и кога ќе се вратат во Мостар. За овие наши активности имаме голема поддршка од локалните власти во Мостар. Ние од 2004 година одиме на турнеи како репрезентација на градот Мостар. Кај нас во Мостар се покажа дека фудбалот може да не обедини и сакаме примерот од Мостар да го пренесиме и на другите градови во Босна“, вели Мешааговиќ.

Во оваа програма во план е да се приклучи и Косово, рече Александар Раковиќ, менаџер на проектот.

„Ние ја вклучивме во нашата програма и Албанија. Сакаме да работиме во иднина и некои програми во Косово и Косово да го вклучиме во нашите активности“, рече Раковиќ.

„Сите сме заедно, не се делиме, повеќе нема поделби. Фудбалот од нас направи да размислуваме на начин на кој треба да размислуваат сите луѓе од целиот Балкан. Мои најдобри другари се Бошњаци и Хрвати и затоа нашето искуство сакаме и се трудиме да го пренесеме и на нашите врсници“, рече Талиќ Звонимир, фудбалер од Мостар.
XS
SM
MD
LG