Достапни линкови

Попоски со спортски анегдоти за македонските евроинтеграции


Во нашиот процес на проширување ние преминавме од еден систем во кој имате, во фудбалски жаргон, гол и треба да постигнете гол во систем во кој голот се поместува континуирано. Во нашиот случај во определни ситуации голот е тргнат од теренот и вие играте и не знаете на која страна ќе ви се појави следниот гол, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната дебата „Пристапувањето на Хрватска во ЕУ - перспективите на македонско-хрватските односи“. Хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ смета дека со членството во ЕУ Хрватска постигна една историска цел, која е во интерес не само за земјата туку за целиот регион и за Унијата. Согласен е дека Македонија доби пријател во Хрватска кој ќе направи се што е во негова моќ да и помогне на патот кон ЕУ. „Сметаме дека мирот и стабилноста во регионот се важни за Хрватска и за ЕУ. Имаме одлични односи, подготвени сме да ги поделиме сите искуства со Македонија“ рече Крамариќ.
XS
SM
MD
LG