Достапни линкови

Најмалку 15 загинати во експлозијата во Бејрут


Најмалку 15 лица загинале во силната експлозија во Бејрут, во делот кој е под контрола на шиитската милитантска група Хизболах, потврдуваат безбедносни извори. На телевизиските снимки се забележува облак од црн чад во населбата Бир ал Абед во главниот град на Либан. Во оваа област се лоцирани голем број на канцеларии на политички организации. Сиријските бунтовници се закануваа со напади во Либан, откако Хизболах испрати трупи во Либија, кои се борат на страната на сиријскиот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG