Достапни линкови

logo-print

Муслиманското братство контра планот на ВД претседателот на Египет


Египет, деновиве

Египет, деновиве

Високорангиран член на Муслиманското братство во Египет се спротистави на планот на вршителот на претседателската должност во земјата Адли Мансур. Потпретседателот на политичката организација Есам ал Ериан рече дека со планот се враќа земјата на почетна позиција. Мансур во понеделникот издаде декрет со кој се предвидува ревизија на исламистичкиот устав во следниве 14 дена. За промените би се гласало на референдум во ноември по што парламентарните избори во земјата би се одржале кон почетокот на 2014 година. Армијата минатата недела го суспендираше уставот во Египет по масовните протести против владеењето на сега отстранетиот претседател Мухамед Морси. Декретот беше издаден откако 50 демонстранти – подржувачи на екс-претседателот беа убиени на протест во близина на воени бараки.
XS
SM
MD
LG