Достапни линкови

Без партија нема живеачка


Според Транспаренси Интернешнл граѓаните во Македонија сметаат дека најкорумпирани институции во земјата се политичките партии. Тие велат дека без партија, ама на власт, нема живеачка во Македонија.

Истражувањето на ставовите и искуствата на граѓаните во однос на корупцијата кое го реализираше секретаријатот на Транспаренси интернеjшнал во Берлин покажува дека тие ги оценуваат како најкорумпирани политичките партии, а високо на листата се наоѓаат и судството, полицијата и пратениците. Од каде ваквата перцепција, анализираме со претседателката на Транспаренси интернеjшнал Македонија Слаѓана Тасева. Она што ние го гледаме секојдневно во Македонија е големото влијание на политиката во секојдневното работење на институциите и во секојдневниот живот на граѓаните, вели Тасева.
Ниту може некој да се вработи, ниту некој може да добие тендер, ниту може некој да смета на каква било промоција или работење без да биде поврзан со политичката партија.

„Ниту може некој да се вработи, ниту некој може да добие тендер, ниту може некој да смета на каква било промоција или работење без да биде поврзан со политичката партија“, вели Тасева.

За македонските граѓани, корупцијата е повеќе од очигледна насекаде каде што се обраќаат, но го чувствуваат најмногу преку институциите на коишто се упатени секојдневно.

„Највеќе по мое согледување има во администрацијата, почнувајќи од судство, здравство и да не редам понатаму, и тоа дебела корупција.“
Највеќе по мое согледување има во администрацијата, почнувајќи од судство, здравство и да не редам понатаму, и тоа дебела корупција.

„Секаде има да ви кажам отворено, секаде има корупција. Ако сум пензионерка, се соочувам и јас.“

„Секаде има корупција, од најниските гранки до највисоките.“

„Се знае каде има, подобро да си ќутам“, велат анкетираните граѓани.

Тоа, како што велат, пак, има корени во политичките партии, пред сè во партијата која е на власт зашто таа во моментот е одговорна за работењето на институциите.

„Потекнува од политичките партии, односно од политичките партии на власт, затоа што кој било од опозицијата, што не е на власт, нема никакво влијание барем воо јавните претпријатија, во администрацијата, во судството, тоа е толку провидно, толку јасно“, вели една граѓанка.

Во ваквата атмосфера излезот многу тешко се наѕира, вели професор Тасева. Недовербата во институциите и корумпираноста на судството ги обесхрабрува сите обиди за борба против корупцијата. Излезот би бил во владеењето на правото, а токму тука се наоѓаме најдалеку. Сепак спроведеното истражување содржи и една светла точка, додава Тасева, Македонија е на прво место во анкетата на граѓаните дали нешто би направиле против корупцијата.

„Но, сè уште не можат да кажат што би направиле. Повеќе сакаат да потпишат петиција, отколку да учествуваат во некаква конкретна активност“, додава Тасева.
XS
SM
MD
LG