Достапни линкови

logo-print

ЦЕФТА ќе расправа за македонските бариери за увоз на пченица од Србија


Седницата на секретаријатот на ЦЕФТА, по повод уредбата на владата на Македонија за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија, ќе се одржи на 22-ри јули во Белград, потврди денеска министерството за трговија на Србија. Министерот Расим Љаиќ, во минатата недела упатил писмо до секретаријатот на ЦЕФТА со барање за одржување вонредна седница во врска со мерките на македоската влада, со кои, кои според Белград, е прекршена спогодбата на ЦЕФТА. Србија најави дека доколку проблемот не биде надминат во наредните десетина дена, ќе воведе реципрочни мерки, преку ограничување на увозот на вино и домати од Македонија.
XS
SM
MD
LG