Достапни линкови

Груевски со владин тим по инвестиции во Хамбург


Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во германскиот град Хамбруг, ќе учествува на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за странски инвестиции.
Како што информира владината прес-служба, во делегацијата се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестициин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Форумот е организиран во соработка со Стопанската комора во Хамбург.
Владината делегација ќе има и повеќе средби со претставници на германски компании.
XS
SM
MD
LG