Достапни линкови

Партиите, судството и полицијата во Македонија оценети како најкорумпирани


Според последниот Глобален корупциски барометар, во Македонија 20 проценти од испитаниците во истражувањето на Транспаренси Интернешнл изјавиле дека во изминатава година платиле поткуп.
По однос на граѓанската перцепција за корупција Македонија се наоѓа во група со Косово, Ерменија, Кипар, Чешка, Судан и Тунис.
Според истражувањето на Транспаренси Интернешнл граѓаните во земјава сметаат дека најкорумпирани институции се политичките партии.
Во однос на улогата на граѓаните во борбата со корпуцијата над 60 проценти од македонските испитаници сметаат дека „ обичните луѓе можат да направат промена во општеството во борбата со корупцијата.“
Според оценките кои што ги дале македонските граѓани, на прво место по корпуција со оценка 4 се политичките партии, па судството, а веднаш по него се полицијата и пратениците. Најдобро оценета е војската со 2,3.
Истражувањето е спроведено во 107 земји каде што биле интевјуирани над 114 илјади луѓе. Во Македонија истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 1010 луѓе.
XS
SM
MD
LG