Достапни линкови

Грција ќе добие нова транша од 6,8 милијарди евра


Ill

Ill

Министрите за финансии од еврозоната се договорија да и одобрат на Грција нова транша од спасувачкиот пакет во износ од 6,8 милијарди евра, која ќе биде поделена на помали износи. Ова го изјави вчера во Брисел белгискиот министер за финансии Коен Генс.
Првиот износ од четири милијарди евра од европскиот спасувачки пакет, Грција ќе го добие уште овој месец. Вториот дел од 1,8 милијарди евра ќе и го исплати Меѓународниот монетарен фонд следниот месец, а последната транша од една милијарда евра ќе биде обезбедена од еврозоната во октомври.
XS
SM
MD
LG