Достапни линкови

Ештон во посета на Србија и Косово


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави вчера дека предлог-решенијата за прашањата меѓу Косово и Србија околу телекомуникациите и енергетиката се речиси финализирани. Таа додаде дека разговорите во врска со тоа ќе продолжат за време на нејзината престојна посета на Белград и Приштина, во следниве два дена. Во писменото соопштение од нејзиниот кабинет по вчерашниот состанок е наведено дека Ештон е задоволна што двајцата премиери ја потврдија посветеноста кон целта, а тоа е примена на Бриселскиот договор како што е предвидено според планот за имплементација. Таа имаше посебни средби со премиерите а потоа оддржа и заеднички состанок.
По завршувањето на разговорите српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека тие биле многу тешки, но дека дошло до извесен напредок по сите прашања. Неговиот колега Хашим Тачи изјави дека е постигнат суштински, но не и комплетен, напредок за електричната енергија и телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG