Достапни линкови

Судири во Истанбул, Паркот Гези повтoрно затворен


Паркот Гези во Истанбул кој што беше центарот на неколунеделните протести повторно е затворен вчера, само по неколку часа од неговото отварање. Накратко по отварањето, демонстранти се собраа во паркот и полицијата со водени топови ги растера.
Претходно, гувернерот на Истанбул Авни Мутлу предупреди дека полицијата ќе реагира за растурање на било какви илегални собири во главниот град.
Немирите во мај настанаа во знак на незадоволство од плановите за изградба на трговски центар на зелената површина. Демонстрациите брзо прераснаа во анти-владини протести.
XS
SM
MD
LG