Достапни линкови

Ноќни моторџиски трки низ Битола


Илустрација.
Илустрација.

Граѓаните кои живеат во близина на најголемите битолски сообраќајници - Партизанска и Васко Карангелевски, се жалат дека безбедноста и сонот им се загрозени.

Битолски моторџии во ноќните часови одржуваат бесни трки низ битолските улици, своевиден сообраќаен рулет опасен по нивниот и животот на минувачите. Трките најчесто се одвиваат по најголемите битолски сообраќајници - Партизанска и Васко Карангелевски. Битолчани кои живеат во близина се жалат дека безбедноста и сонот им се загрозени.
Навечер прозорците ги отвораме зашто е жешко и спиеме со отворени прозорци. Но, по полноќ голема бучава има, не се спие зашто моторите фрчат едно нагоре, други надолу, трки прават до наутро.
Анкетиран граѓанин.

„Навечер прозорците ги отвораме зашто е жешко и спиеме со отворени прозорци. Но, по полноќ голема бучава има, не се спие зашто моторите фрчат едно нагоре, други надолу, трки прават до наутро.“
Илустрација.
Илустрација.

„Застануваат на семафор на црвено светло со моторите. Кога ќе се запали зелено светло со голема брзина јурнуваат надолу не мислејќи дека во опасност можат да го доведат и сопствениот живот и животот на другите“, коментираат битолчани.
Во тој проект ќе бидат вклучени и мото клубовите од Битола и Прилеп. Сметаме дека имаат влијание врз младите, односно младите се идентификуваат со нив.
Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола.

Последниот инцидент се случи деновиве кога со мотор беше повреден постар минувач. Полицијата бара поголема ажурност од мото клубовите, а тие, пак, почести полициски контроли. Така, од битолската полиција велат дека зачестено се вршат контроли, но се преземаат и проекти за едукација на младите моторџии со цел подигање на степенот на сообраќајната култура.

„Во тој проект ќе бидат вклучени и мото клубовите од Битола и Прилеп. Сметаме дека имаат влијание врз младите, односно младите се идентификуваат со нив“, вели Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола.

Илчо Петковски од мотоклубот „Мотостарс“ вели:

„Вината не ја наоѓам кај младите моторџии, туку кај нивните родители, домашното воспитување, државните институции, МВР, автошколите. Таму треба да се крене едукацијата на високо ниво за носење заштитна опрема и визулено претставување на ризиците и последиците од опасно возење на моторите“, вели тој.

Петковски додава дека неопходно е при техничките прегледи да се контролира и бучавата на моторите.

„Институциите каде ги регистрираат моторите имаат посебна хомологација на издувните системи и има одредена граница на децибели. Треба да се применуваат правила како во Европа“, вели Петковски.

Сообраќајната студија на Битола израбитена од Техничкиот факултет покажува дека улиците Партизанска и Васко Каранѓелевски каде се одржуваат трките се меѓу 18-те црни сообраќајни точки во градот. Анализата покажува дека на годишно ниво во просек се случуваат над 180 сообраќајни незгоди во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG