Достапни линкови

Расте бројот на загинати во Египет


Медиумите јавуваат дека бројот на загинати во судирот на демонстрантите во Египет со безбедносните сили се искачил на 51 лице. Службите за брза помош соопштија дека 430 лица биле повредени во денешните насилства во Каиро. Војската јави дека тројца припадници на вооружените сили загинале во инцидентот, додавајки дека немирите започнале откако терористичка група се обидела да се пробие во објектот на Републиканската гарда каде се верува дека е притворен соборениот исламистички претседател Мухамед Морси. Подржиувачите на екс-претседателот ја обвинуваат војската за насилствата кои резултираа со жртви.
XS
SM
MD
LG