Достапни линкови

Лeтните менифестации, промотор на Маврово-Ростуше


Галичка свадба.

Галичка свадба.

Многуте културни и спортски манифестации кои се одржуваат во летниот период во општина Маврово-Ростуше носат голем број на туристи.

Општината Маврово-Ростуше особено внимание посветува на промовирањето на убавините, традициите и културно-историските споменици кои ги има на својата територија. Без соодветна промоција не може да се развива туризмот кој е клучен за развојот на оваа наша рурална општина богата со убавини. Локалната власт и невладините организации развиваат бројни проекти и организираат манифестации особено во летниот период. Сите региони во оваа општина имаат значајни културни и спортски манифестации од кои ефектите се големи.
Овие манифестации имаат огромно значење за промовирањето на нашата општина, нејзините убавини, традиции, кулурно историски споменици и сите други вредности од регионот.

Градоначалникот на општината, Мукрем Мехмеди, вели дека за манифестациите покрај сопствените средства помагаат и други институции бидејки тоа е од огромно локално и национално значење.
Мукрем Мехмеди, градоначалник на општината Маврово Ростуше.

Мукрем Мехмеди, градоначалник на општината Маврово Ростуше.


„Нашата општина во соработка со други институции, но и со поддршка на Владата одржува повеќе менифестации. Веќе се одржа манфестациијата Маврово–Тур, потоа изборот на реканско-мавровската пита, односно Питијадата, Тријатлонот во Маврово, а за време на викендот в сабота на Бистра ќе се одржи - Овчаријадата, додека во Галичник в недела на 14 јули познатата традиционална Галичка свадба. Потоа ќе следи една нова манифестација во соработка со некои невладини организации,
Нашите статистики покажуваат дека секоја година расте бројот на туристите од земјава и од странство кои ги посетуваат манифестациите и уживаат во убавите предели по долината на реката Радика, на националниот парк Маврово, водопадите кај Дуф и други убавини.
манифестацијата Маврово Грин викенд, со учество на познати домашни и странски диџеи. Во август е позната средба на печалбари. Овие манифестации имаат огромно значење за промовирањето на нашата општина, нејзините убавини, традиции, кулурно историски споменици и сите други вредности од регионот. Манифестациите, треба да се нагласи, дека ги помагаат и сопствениците на хотелите и другите компании кои се на оваа територија“, вели Мехмеди.
Маврово–Тур.

Маврово–Тур.


Советот на општината Маврово-Ростуше има огромна соработка и со јавната установа „Национален парк Маврово“ бидејќи тој се протега во најголемиот дел од територијата на општината. Манифестациите носат голем број на туристи. Ова го потврдуваат податоциите кои ги имаат и телата на локалната власт на општината, истакнува претседателот на Советот на оваа општина Неџат Исмаили.

„Нашите статистики покажуваат дека секоја година расте бројот на туристите од земјава и од странство кои ги посетуваат манифестациите и уживаат во убавите предели по долината на реката Радика, на националниот парк Маврово, водопадите кај Дуф и други убавини. Поради ова, ние веќе се подготвуваме дел од овие манифестации да се најдат на картата на балканските манифестации. Општина Маврово–Ростуше има што да покаже на целиот регион“, вели Исмаили.

Претставниците на локалната власт и невладиоиот сектор, заедно со донаторите на летните културни и спортски манифестации, веќе подготвуваат проект кој ќе биде доставен до одредени надлежни институции и асоцијации во Македонија со цел дел од манифестациите кои се одржуваат во општина Маврово-Ростуше да добијат регионален балкански карактер.

Кога е во прашање развојот на манифестациите, големо значење се посветува и на одржувањето на чистата животна средина. Поради тоа, од почетокот на месец мај па се до септември овде се спроведуваат во континуитет акции за расчистување на сметот од убавите предели на општина Маврово-Ростуше.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG