Достапни линкови

Протести во Атина против кратење на работни места во администрацијата


Илјадници грчки општински службеници и наставници во државните училишта излегоа во Атина за да протестираат против кратење на работните места во државниот сектор, кој Владата им го вети на меѓународите кредитори во замена за следната транша од спасувачкиот пакет за Грција. Министрите за финансии на земјите од Еврозоната треба да одлучат како да ја задржат платежната способност на земјата. Над шест илјади вработени во локалната администрација, меѓу кои припадници на обезбедувањето и униформирани полицајци на мотори, учествуваат во протестниот марш до Министерството за административни реформи во центарот на градот.
XS
SM
MD
LG