Достапни линкови

Најмалку 15 убиени во Ирак


Најмалку 15 лица загинале во серија напади во Ирак во неделата. Полицијата соопшти дека шестмина загинале во експлозија на бомба во младински центар во Мадаин на 20 километри од Багдад. Во градот Мосул во северот на земјата петмина се повредени а еден загинал во експлозија на автомобил бомба. Во одделен инцидент во истото населено место на 360 километри од главниот град биле застрелани полицаец и граѓанин. Во Багдад, пак, непознати напаѓачи убиле полицаец, неговите родители, сопругата и двете деца на пат од семејна прослава.
XS
SM
MD
LG