Достапни линкови

Чешкото обвинителство бара да му се одземе имунитетот на екс-премиерот Нечас


Чешкото обвинителство побара одземање на имунитетот на премиерот во заминување Петар Нечас, кој се повлече од функцијата по корупциски скандал. Осуммина соработници на екс-премиерот се уапсени, меѓу кои и шефицата на неговиот кабинет, која е обвинета за наредување на тајно следење на сопругата на Нечас. Пратениците ќе треба да гласаат за предлогот да му се одземе пратеничкиот имунитет на Нечас, кој останува во собранието по повлекувањето од премиерската функција.
XS
SM
MD
LG