Достапни линкови

Меѓународните кредитори дискутираат за новата транша помош за Грција


Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, издадоа соопштение само неколку часа пред министрите за финансии од еврозоната да се сретнат во Брисел за да донесат одлука за доделување на следните транши од финансиската помош за Грција. Според тројката, Грција направила значаен напредок, но имплементацијата на реформите во некои области многу доцни. „Овие активности вклучуваат конкретни чекори за да се воспостави контрола над прекумерното трошење во здравствениот сектор. Мисијата и властите се согласија дека макроекономската перспектива останува широко во согласност со проекциите од програмата, со изгледите за постепено враќање на растот во 2014 година. Но сепак, перспектива останува неизвесна“, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG