Достапни линкови

Разбирање или земјоделска војна со Србија


Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.

Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.

По најавите дека Србија ќе воведе забрана за увоз на вино и домати од Македонија поради условениот откуп на српска пченица, македонските земјоделци се надеваат на разбирање од српската влада.

Земјоделците се надеваат на разбирање од српската влада, по најавите дека ќе воведат забрана за увоз на вино од Македонија поради условениот откуп на пченица од земјата. Од земјоделските здруженија велат дека српската влада сè уште не донела таква одлука и дека засега земјоделците не се соочиле со проблеми на границата со северниот сосед.
Треба да имаат и разбирање и спрема нас земјоделците, бидејќи условите за производство на пченица во Македонија и Војводина не се исти. Нашите трошоци за производство се толку многу големи, а приносите се толку мали што ние на никој начин не може да и конкурираме на српската пченица произведена во Војводина.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека земјоделците не можат да ја постигнат цената на пченицата која ја има во Србија и затоа е донесена одлука за условен увоз за да не се наруши пазарот во Македонија. Според него, мерката се воведува секоја година и не би било добро да има реваншизам и да се нарушат трговските односи меѓу двете земји.

„Треба да имаат и разбирање и спрема нас земјоделците, бидејќи условите за производство на пченица во Македонија и Војводина не се исти. Нашите трошоци за производство се толку многу големи, а приносите се толку мали што ние на никој начин не може да и конкурираме на српската пченица произведена во Војводина.“
Ако тие воведат некои мерки со кои се закануваат како забрана на виното и доматите, ние ќе бараме од нашата влада раскинување на договорот со Србија.

Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вели дека според договорот за слободна трговија секоја држава на која ѝ е загрозено домашното производство може да воведе соодветни мерки во траење од 200 дена.

„Ние засега знаеме дека официјален став по овој проблем со нашата одлука од српската влада нема. Српската влада според нашето ресорно министерство е запознаена со оваа мерка по Нова година. Ние се надеваме дека Србите ќе имаат разбирање со нашите проблеми со откуп на домашната пченица.“

Шаклев порачува дека забраната за увоз на пченица обично трае сè додека не се откупи македонската пченица.

„Штом се откупи нашата пченица, а се надеваме дека тоа ќе биде за два месеци ние ќе бараме од владата да се симне условната забрана на пченицата од Србија. Мислам дека на тој начин ќе го решиме проблемот и се надевам дека нема да има негативни последици на извозот на земјоделски производи од Македонија.“

Според Тантаров, доколку српската влада воведе забрана за увоз од Македонија тие ќе преземат мерки.

„Ако тие воведат некои мерки со кои се закануваат како забрана на виното и доматите, ние ќе бараме од нашата влада раскинување на договорот со Србија.“

Србија, според податоците на Државниот завод за статистика, е една од земјите со кои имаме најголем обем на трговска размена. Во првите пет месеци од годинава обемот остварен од извоз бил над 104 илјади долари, а од увоз околу 196 илјади.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG