Достапни линкови

Најмногу коментари на интервјуто со Шеќеринска


Писмото од премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега Андонис Самарас и интервјуто со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, се најкоментирани теми на нашата веб страна.

Разумен компромис си е разумен компромис, си зборуваше за себе филозофско-шекспировски, така еднаш, еди си, некој бескомпромисен Џоле, носеше космодиск за да не биде бескичмењак, туку храбар (без)'рбетник, коментира Незабеган по нашата анализа дали Груевски, со писмото до колегата Самарас сугерира готовност за компромис и во исто време покажува дека премиерот не се согласува со ставот на претседателот Иванов, „Македонија ерга омнес“.
Грујо ќе останеш со кратки ракави сега, на времето Бранко и Фрчко ќе ќареа по некој остров за промена на името.
Коментар од читател.

МКД кратко констатира: „Добар е Грујо, добар е“, а Трајко со подбивна иронија му порачува: „Грујо ќе останеш со кратки ракави сега, на времето Бранко и Фрчко ќе ќареа по некој остров за промена на името“.

МК Обсервер, пак, напишал: „Добар е малиов, а?... Ве мота!... Крај не можете да му најдете...“
Секогаш излегува во погрешно време, штом Груевски нешто се обидува, СДСМ излегува во јавноста и ги минимизира сите работи што ќе проба да ги почне ВМРО. Цело време работат за Грција.
Коментар од читател.

Ако некој сака да го мери расположението на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и против СДСМ нека ги прочита пораките по неделното интервју на Радио Слободна Европа што колешката Марија Митевска го направи со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Истите убедувања што владејачката партија успеа да ги наметне во јавноста, особено околу името, и истиот негативен анимозитет против опозициската партија. За некоја Гоца од Скопје, Шеќеринска манипулирала „низ целиот исказ и без факти сето кажано е една голема лага за која Шеќеринска заслужува тужба!“ Некој потпишан со Сдсмовец Киро од Охрид ѝ порачува на Шеќеринска да прави компромис со, како што пишува, „својот дечко кога те мами. Со името не си играј, туку размисли што коментираш!“

Анонимен забележува дека „Секогаш излегува во погрешно време, штом Груевски нешто се обидува, СДСМ излегува во јавноста и ги минимизира сите работи што ќе проба да ги почне ВМРО. Цело време работат за Грција“.

Димитар, меѓутоа, смета дека интервјуто на Шеќеринска е аргументирано и дека СДСМ секогаш водел сметка за државните интереси, потсетувајќи дека токму Шеќеринска го сработи кандидатскиот статус на земјава.

Анализата со наслов: „Сите се виновни, само не Владата“ е малку од поодамна, но продолжува да „собира“ коментари. Главно, поголемиот дел од нив се сведуваат на пораки Македонија да се откаже од ЕУ и од НАТО и на тезите дека проблемот со името навлегува во идентитетските прашања на нацијата. Тој од Штип, како да им одговара на сите вакви: „Кој е крив? Бранко, СДСМ, Сорос, Европа. Ние сме мала држава во која 40 проценти се малцинства и стајте си прст на глава зошто пред 1945-та Македонија никогаш немала држава. Тој е премиер и тој е крив. Македонија не е фирма. Дозволете му на народот да дише“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG