Достапни линкови

Убиени подржувачи на Морси, разговорите за влада прекинати


Портпаролот на Министерството за здравство во Каиро соопшти дека најмалку 40 лица загинале, откако вооружени лица отвориле оган врз поддржувачите на соборениот исламистички претседател Мухамед Морси. Приврзаниците на Морси, пак ја обвинија армијата за нападот.
Според армијата, "вооружени терористи" отвориле оган врз толпата, пред седиштето на Републиканската гарда каде што се верува Морси се наоѓа затворен. Како што јави новинската агенција ДПА, армијата уапсила 200 вооружени лица за обид да упаднат во објектот.
Нападот доаѓа пет дена откако армијата по големите анти владини демонстрации, го собори Морси. Разговорите за формирање нова влада се стопирани затоа што Салафистичката Нур партија, кои го поддржаа соборувањето Морси, се повлече од преговорите во знак на протест поради денешните престрелки.
XS
SM
MD
LG