Достапни линкови

Груевски денеска во посета на Литванија


Премиерот Никола Груевски, со владина делегација ќе престојува во политичка и економска посета на Република Литванија.
Како што соопшти владината прес-служба, македонскиот премиер ќе има средба со литванскиот колега Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на Парламентот, Видас Гедвилас.
Премиерот Груевски и владината делегација ќе присуствува и ќе ги презентира можностите и поволностите за инвестиции во Македонија на бизнис форумот во Вилнус, кој е организиран во соработка со Стопанската комора на Литванија.
Трговската размена меѓу Македонија и Литванија во 2012 година, изнесувала 4,3 милиони долари, од кои извозот 2,5, а увозот 1,8 милиони долари.
XS
SM
MD
LG