Достапни линкови

Во Чеченија убиен командант Абу Муслим


Безбедносните сили на руската република Чеченија го убија командантот на исламските бунтовници, изјави претседателот Рамзан Кадиров во Грозни.
Станува збор за Рустам Салиев познат како Абу Муслим.
Тој бил убиен денеска во специјална операција.
Салиев бил командат на силите на Доку Умаров, лидерот на чеченските сепаратисти кој се прогласи и како лидер на независната исламска држава Кавказ. По двете војни во 90 - тите и по 2000 - тата, повекето чеченски сепаратисти пребегаа во соседните северно кавкаски републики.
XS
SM
MD
LG