Достапни линкови

Кина: поранешниот министер за железница осуден на условна смртна казна


Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на поранешниот министер за железница под обвинение за корупција. Лиу Зијунг е највисокиот функционер осуден откако претседателот Кси Јинпинг ја презеде функцијата во март годинава кога и вети борба со распространетата корупција во Кина. Лиу е обвинет за злоупотреба на милиони долари државни пари а неговата казна доколку покаже добро однесување во затворот може да биде заменета со доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG