Достапни линкови

logo-print

Египет: Муслиманското братство ги обвинува безбедносните сили за жртви и повредени


Муслиманското братство тврди дека египетските безбедносни сили отвориле оган на нивните поддржувачи во текот на протестите во Каиро при што загинале или биле повредени десетици лица. Муслиманското братство најави дека ќе излегува на протесtи се додека не биде вратен Морси на функцијата.
Во меѓувреме, либералниот економист Зијад Баха Елдин е најсилен кандидат за премиер на Египет иако како што пренесуваат агенциите негови изјави, тој сеуште размислува дали да ја прифати понудата. Портпаролот на времениот претседател рече и дека реформскиот лидер Мохамед ел Барадеј би го презел местото на потпретседател.
XS
SM
MD
LG