Достапни линкови

logo-print

Ѓулер: нема да се дозволат нови протести во Истанбул


Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави денеска по повод најавите за нови протести во истанбулскиот парк Гези дека е недозволено да се преземаат масовни акции во паркови и на јавни места.
Тој рече и дека доколку се прават такви обиди, полицијата ќе ги употреби сите средства за спречување – водени топови, солзавец и жива сила, како и други средства предвидени со законот..
Според него, парковите се места за дружење, „места каде се љубат децата на цвеќето, а не места каде се поставуваат шатори“
XS
SM
MD
LG