Достапни линкови

Катада се изјасни за невин во однос на обвиненијата за тероризам


Адвокатот на радикалниот исламистички свештеник, Абу Катада, изјави дека неговиот клиент се изјаснил за невин по обвиненијата за тероризам во Јордан. Адвокатот Диаб рече и дека ќе се обиде да издејствува ослободување на Катада со кауција. Претходно, обвинителот на Јордан поднесе и формално обвинение против Катада за заговарање терористички напад. Катада веќе е осуден на доживотен затвор во 1999 година но пресудата беше суспендирана во сенка на новото обвинение. Воениот обвинител соопшти дека Катада ќе биде задржан во 15 дневен притвор за продолжување на истрагата.
XS
SM
MD
LG