Достапни линкови

logo-print

Курдистанскиот лидер во посета на Ирак


Претседателот на автономната ирачка област Курдистан, Масуд Барзани, го посети Багдад , за прв пат во изминативе две години, во обид да го решат долготрајниот спор околу земјиштето и нафтата. На заедничката прес конференција во Багдад, ирачкиот премиер Нури ал-Малики рече дека двајцата лидери се согласиле околу тоа дека треба да работат на одблокирање на законодавството поврзано со искористувањето на богати извори на енергија во Ирак.
Посетата на Барзани се случува по минатомесечната посета на Малики на Курдистан која ги олесни тензиите. Двете страни не се согласуваат околу распределбата на приходите од нафтата и потпишувањето на договорите со странските енергетски компании.
XS
SM
MD
LG