Достапни линкови

Со 15 милиони евра Владата ќе кофинансира проекти во руралните средини



Со 15 милиони евра преку новата ИПАРД програма ќе се финансираат туризмот, занаетчиството, алтернативното земјоделство, угостителството во руралните средини, со што ќе се отворат нови работни места, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки, градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 проценти од вложените средства.
За стекнување на правото за користење на овие средства, Ѓорѓиев појасни дека е потребно барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со образложение за проектот, субјектот кој аплицира да нема долг кон државата, како и доказ за сопственост или за закупнина на земјиштето каде што ќе се реалзиира проектот.
XS
SM
MD
LG