Достапни линкови

„Солар импулс“ слета пред време


Соларниот авион Солар Импулс слета денеска на њујоршкиот аеродром Џон Кенеди со што заврши последната фаза од неговиот пат по Северна Америка. Тој полета за Њујорк во саботата од аеродромот во Вашингтон и слета по 23 часа или три часа пред предвиденото затоа што му е откриена пукнатина на левото крило. Тоа како што беше соопштено не значело никаква опасност по пилотот или авионот. Солар импулс се снабдува со енергија од околу 11 000 фотонапонски клетки и лета на височина од околу 9140 метри со максимална брзина од 72 километри на час. Тежи колку еден автомобил поради што лошото време е опасно за него. Соларниот авион го напушти Сан Франциско на почетокот на мај и помина низ Феник,Далас - форт ворт, Синсинати, Сент Луис и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG