Достапни линкови

Двајца загинати, над 50 тешко повредени во авионската несреќа во Сан Франциско


Најмалку две лица загинаа а многумина се повредени кога патнички авион Боинг 777се урнал при слетувањето на меѓународниот аеродром во Сан Франциско. Во авионот кој и припаѓа на компанијата „Азијана ерлајнз“ и кој летал од Сеул имало 291 патник и 16 членови на екипажот, главно Јужнокорејци, Кинези и Американци. Официјални претставници соопштија дека околу 50 лица биле сериозно повредени, а многумина поминале со полесни повреди. Контролата на летање соопштила дека авионот паднал при слетувањето при што изгорел врвот од трупот а опашката била отсечена. Причините за несреќата се под истрага.
ФБИ соопшти дека нема индикации дека станува збор за терористички напад.
XS
SM
MD
LG