Достапни линкови

logo-print

Кумановскиот Совет конструктивен, по првичната напнатост


Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

Членовите на општинскиот Совет во Куманово ги надминуваат почетните проблеми и почнуваат да функционираат конструктивно за да се надминат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Триесет и три членови на општинскиот Совет во Куманово по пет одржани седници покажуваат дека имаат капацитет за конструктивна работа и за залагање да се надминат проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Најголемата локална заедница во државава функционира под кормилото на коалицијата на СДСМ, во која партиципираат и советниците од ДУИ, што ниту е нешто ново, ниту невообичаено. Дванаесет советници се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од независната листа граѓани, но напнатоста која на почетокот висеше во воздухот, а имаше и испади од опозицијата, се чини полека се надминува. Како ќе работат во иднина и какви резултати ќе останат зад нив времето ќе покаже.
Со оглед на тоа што во овој состав има многу нови советници од седница на седница нашата работа тече во се подобра кондиција. Новите советници се уште ги учат основните акти по кои што се владееме, Статутот и Деловникот за работа на Советот и се надевам на плодна и успешна наша работа во интерес на граѓаните.

За сега, Максим Димитриевски од СДСМ, претседател на Советот вели:
Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.


„Со оглед на тоа што во овој состав има многу нови советници од седница на седница нашата работа тече во се подобра кондиција. Новите советници се уште ги учат основните акти по кои што се владееме, Статутот и Деловникот за работа на Советот и се надевам на плодна и успешна наша работа во интерес на граѓаните.“

Сепак, Димитриевски за советниците од опозицијата додава:

„Многупати опозицијата на Советот која на централно ниво е на власт повторно ги повторува старите навики и ги штити интересите на централната власт на локално ниво. Особено во делот на заштита на интересите на одредени ЈП во кои се делегираат директорите и менаџментите на централната власт.“
Мислам дека добро одат работите, немам некоја посебна забелешка и мислам дека вака ќе продолжи и во иднина.

И додека советниците од опозицијата како што вели Димитриевски умеат да бидат пристрасни кон централната власт, Александар Арсиќ од СДСМ запрашан дали советниците од неговата партија и коалиционите партнери се објективни или самокритични,тој вели:

„Објективноста мора секогаш да биде присутна, а и критиките се секогаш добронамерни за да направиме подобро место за живеење од градот Куманово.“

Драган Петковски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за работата на Советот вели дека се уште е рано за оценка и додава:

„И мислам дека би било коректно да му дадеме сто дена, а потоа да го оценуваме.“

РСЕ: За почеток како ви се чини?

„За почеток, мислам дека има капацитети да работи Советот.“

Зенун Исмаили од НДП е првпат советник во општинскиот Совет и единствен е од неговата партија. За своето искуство тој вели:

„Мислам дека добро одат работите, немам некоја посебна забелешка и мислам дека вака ќе продолжи и во иднина.“

И додека советниците се навикнуваат на старо-новото друштво во донесување одлуки, поставување прашања, реплицирања, забелешки и критики, меѓу нив има и такви кои својата лична (не)култура си ја практицираат и на седниците. За сега само зборуваат на мобилни телефони додека колегата до нив или дискутира или внимателно слуша, а понекогаш и прилично гласно. Претседателот Димитриевски вели дека не е пракса советниците да ги исклучуваат мобилните за време на седниците, а личната култура според него е лична работа. Советникот Петковски, пак, смета дека и тоа треба деловнички да се разреши.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG