Достапни линкови

ИПИС:пораст на рејтингот на Преседателот на РМ


Во телефонската анкета која ја спровел Институтот за политички истражувања (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1119 испитаници, 59,1 насто од испитаниците искажале позитивно мислење за претседателот Ѓорге Иванов. Ова е пораст на позитивното мислење за Претседателот за 5 насто во однос на март 2012 година а 10 насто во однос на мај 2011 и 14 насто во однос на 2010 година. Анкетата е спроведена како дел од редовните мерења на ставовите на граѓаните во однос на нивната доверба и перцепции за работата и активностите на Претседателот на Република Македонија.
23,8 имале негативно мислење, додека 17,1 проценти не знаеле да одговорат или немале одговор.
XS
SM
MD
LG