Достапни линкови

Венецуела и Никарагва му понудија азил на Сноуден


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро рече дека е расположен да му понуди „хуманитарен азил“на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден. Мадуро рече дека понудата е во подготовка и дека Сноуден ќе може да избегне кривично гонење во САД. Исто така и претседателот на Никарагва рече дека е подготвен да му даде азил на Сноуден „доколку околностите го дозволуваат тоа“. Сноуден, чиј пасош е поништен од страна на САД најверојатно наредните две недели ќе ги помине на меѓународниот аеродром во Москва. Организацијата Викиликс рече дека Сноуден има поднесено барања за азил до шест држави. Американските власти го обвинија Сноуден за протекување на тајните информации од следењето на телефонските и интернет комуникации.
XS
SM
MD
LG