Достапни линкови

Бартоли против Лисицки во финалето на Вимблдон


Денеска на програмата на Вимблдон е женското финале во кое ќе играат Марион Бартоли од Франција и Сабине Лисицки од Германија. Ова ќе биде нивни петти меѓусебен дуел а Лисицки води со 3:1 во победи. Во неделното машко финале ќе се соочат Србинот Новак Ѓоковиќ и Шкотланѓанецот Енди Мареј. Мареј се избори за финалето откако синоќа во 3:1 во сетови го победи Полјакот Јиржи Јанович а Ѓоковиќ со 3:2 во сетови го победи Хуан Мартин Дел Потро.
XS
SM
MD
LG