Достапни линкови

Египет: 30 загинати во судирите меѓу приврзаниците и противниците на Морси


.

.

Околу триесет загинати и голем број повредени е исходот од насилствата кои продолжуваат по соборувањето на претседателот Мохамед Морси. Државната телевизија објави 17 жртви на судирите меѓу приврзаниците и противниците на Морси. Подоцна официјални претставници објавија дека 12 лица се убиени во судирите во градот Александрија.
Насилствата избија откако десетици илјади приврзаници на Муслиманското братство се собраа во петокот за да бараат враќање на Морси. Насилството е смирено откако армијата испрати свои сили а министерството за внатрешни работи информираше и дека е уапсен еден од моќните лидери на Муслиманското братство, Каират ел Шатер за поттикнување насилство.
XS
SM
MD
LG