Достапни линкови

logo-print

Уште еден земјотрес во Индонезија, нема информации за штети или жртви


Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени ја погоди Индонезија, само неколку дена откако во друг земјотрес загинаа десетици лица. Геолошката служба на САД изнесе информации дека земјотресот го погодил островот Суматра во западна Индонезија. Засега нема информации за штети или жртви.
Индонезија сеуште се опоравува од земјотресот со јачина од 6,1 степен кој ја погоди во вторникот и во кој загинаа околу 30 лица а речиси 300 беа повредени во провинцијата Ацех.
XS
SM
MD
LG