Достапни линкови

logo-print

Дали би признале фалично екстерно оценување?


Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).

Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).

Екстерното оценувања годинава падна со оценка незадоволителен (1) и сега прашањето е дали ќе оди на поправен или ќе ја пројде годината со ваква негативна оценка, пишува за Радио Слободна Европа, Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).

Екстерното почна со ученички протести, гласно поддржани од родителите, а тивко од наставниците и професорите. МОН го задушуваше со разни методи, од изјави во јавност, преку убедувања, па се до притисоци. Уверуваа дека се ќе пројде во најдобар ред, дека знаат што прават, дека се подготвени, дека со ова оценувањето на учениците конечно ќе стане реално и дека професорите кои лошо оценуваат ќе си го добијат своето. И успеаjа да ја стишат атмосферата, сè до моментот на крах, се до самите полагања и до првите резултати.
Денес конечно знаеме дека екстерното годинава ја промаши целта, ако воопшто постоеше јасна цел. А, што беше целта? Да се подобрува образовниот процес како што предвидува законот, да се овозможи на учениците и наставниците да си ги проверат своите знаења и начини на оценувања како што предвидува правилникот или да се сее општа параноја како што се случи на терен?

Денес имаме јасна слика. Тестирањето е спроведено на наметнат начин, без дискусија и без поддршка од оние кому е наменето, напротив на штета на учениците и професорите. Денес имаме анализи, сведоштва и факти кои говорат дека со спроведувањето на екстерното беа прекршени клучните законски рокови, оној за навремено објавување на листите за предмети кои ќе се полагаат и оној за доставување приговори по однос на објавените оценки. Денес имаме бесконечен список на технички пропусти кои резултираат со штета по оценките на цели класови и генерации. Денес конечно знаеме дека екстерното годинава ја промаши целта, ако воопшто постоеше јасна цел. А, што беше целта? Да се подобрува образовниот процес како што предвидува законот, да се овозможи на учениците и наставниците да си ги проверат своите знаења и начини на оценувања како што предвидува правилникот или да се сее општа параноја како што се случи на терен? Екстерното оценувања годинава падна со оценка незадоволителен (1) и сега прашањето е дали ќе оди на поправен или ќе ја пројде годината со ваква негативна оценка.

Да се прогласи за пробно, за пилот-тестирање е шансата која младите и граѓаните преку петицијата на МОФ му ја нудат на овој процес. Ниту да се поништува, ниту да се официјализира, туку да се употреби како лекција за да се ревидира концептот, да се корегираат пропустите и до следната година или некоја после неа надлежните без задршка, без притисоци и со поддршка од учениците и професорите заедно да спроведат квалитетно партнерско екстерно оценување.

Прогласувањето на екстерното за пилот-тестирање е придобивка за сите. Учениците конечно ќе се ослободат од притисокот и стравот заради нереалните оценки кои беа предизвикани од серијата технички пропусти. Професорите и наставниците ќе се ослободат од наметнатата институционална стега и ќе добијат можност реално да учествуваат во јавна дебата за подобрување на концептот до година. Конечно, институциите на чело со Министерството за образование и наука ќе го подобрат својот нарушен имиџ и ќе и овозможат на државата да добие дополнително време за сериозно екстерно оценување кое не сее страв, туку продуцира подобри перформанси во образовниот процес.
Прогласувањето на екстерното за пилот-тестирање е придобивка за сите. Учениците конечно ќе се ослободат од притисокот и стравот заради нереалните оценки кои беа предизвикани од серијата технички пропусти.

Што можеме да направиме како индивидуи, како одговорни граѓани, без разлика дали сме само загрижени за процесот или пак директно засегнати?

1. Индивидуален потпис на петицијата со која МОФ гласно и силно ќе побара од институциите екстерното да се прогласи за пилот-тестирање оваа година; (www.mof.mk/eksterno);

2. Претставки до Народниот правобранител заради прекршени права на учениците реално да бидат оценети;

3. Претставки до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат заради прекршување на законските рокови за објавување на листите со предмети кои се полагаат и за доставување приговори по однос на објавените резултати;

4. Одложување на доставувањето свидетелства до учениците, со цел да им се даде време на надлежните да се премислат и да го прогласат екстерното за пробно;

5. Бојкот на свидетелствата преку одбивање да се подигнат со цел да се упати порака дека ваквите резултати не се признаваат;

Изберете една или повеќе од овие алатки, зошто сите водат кон подобар образовен процес. Првата е наједноставна. Потпишете се екстерното оваа година да се прогласи за пилот-тестирање.
XS
SM
MD
LG