Достапни линкови

Крак од рускиот Јужен тек за Македонија - ако е исплатливо


Руската влада на 2-ри овој месец го одобрила нацрт-договорот за соработка меѓу Русија и Македонија за изградба на крак на гасоводот „Јужен тек“ за снабдување со гас на Македонија. Во текстот објавен на интернет страницата на руската влада стои дека двете страни ќе го потпишат договорот само ако се утврди дека градењето на гасоводниот крак е исплатлива инвестиција. „Газпром“ и АД „Македонски извори на енергија“ треба да ја направат анализата за техничка, економска , финансиската изводливост на проектот и како тој ќе влијае на животната средина.
XS
SM
MD
LG