Достапни линкови

Ранети подржувачи на Морси на протестите во Египет


Неколкумина подржувачи на соборениот претседател Мухамед Морси се ранети во маршот за подршка на исламистичкиот лидер, јавуваат медиумите. Неколку стотици демонстранти се упатиле кон воените бараки каде е притворен Морси, по што се слушнале истрели од огнено оружје. Очевидец за новинаксата агенција „Ројтерс“ вели дека неколкумина паднале на земја откако одекнале пукотниците. Безбедносните сили формираа кордон околу воените бараки но за сега не е јасно од каде дошле истрелите. Протести за подршка на првиот лидер на Египет избран на демократски избори се одржуваат низ повеќе градови во земјата. Војската, која во средата го суспендираше уставот по четиридневни демонстрации на анти-владини активисти, ги дозволи протестите под услов да нема инциденти.
XS
SM
MD
LG