Достапни линкови

ЗНМ: Власта врши притисок за членство во МАН


Здружението на новинари на Македонија соопшти дека „ најостро реагира на притисоците што претставниците на локалната и централната власт ги вршат врз сопствениците на регионалните медиуми во Македонија со цел нивните новинари да се зачленат во Македонската асоцијација на новинари (МАН)“. Од организацијата велат дека биле информирани за притисок од сопствениците на регионални медиуми врз новинарите од кои се барало да потпишат пристапница. „ Новинарите биле условени да го сторат тоа, во спротивно сопствениците им се заканиле дека ќе ги отпуштат. Објаснувањето на сите сопственици коишто го вршат овој притисок врз новинарите е дека тоа мора да го прават зошто се уценети со реклами“ се наведува во соопштението од Здружението, од каде сметаат дека условувањата се „ груба злоупотреба на моќта на јавните функционери со кои имаат за цел да ги заплашуваат новинарите и директно ги кршат основните човекови права“.

МАН соопшти дека ги отфрла „шпекулациите на Здружението на новинари - ЗНМ како тенденциозни, опасни за новинарската фела и антидемократски како чин за спречување слободна воља на изразување и пристапување, дури и меѓу новинарите“.
XS
SM
MD
LG