Достапни линкови

Четворица убиени во експлозија во Ирак


Најмалку четворица загинаа во експлозија на автомобил бомба во централен Ирак. Властите соопштија дека мета на експлозијата бил камп на демонстранти на плоштадот Ал Хак во градот Самара на 95 километри северно од Багдад. Во населеното место со доминантно Сунитско население веќе една година се одржуваат анти-владини протести. Најмалку шестмина се ранети во денешниот инцидент.
XS
SM
MD
LG