Достапни линкови

Нов контингент на АРМ замина во мисија во Авганистан


Со свечена церемонија во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево денеска беше испратен нов контингент на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
- Денеска го испраќаме 25-иот контингент на АРМ во мировна мисија како подршка на Владата на Авганистан. Овие војници се наши амбасадори на мирот. Убедени сме дека достоинствено ќе ја извршат својата мисија и здрави и живи ќе се вратат по извршената задача. Ние остануваме и натаму посветени на мирот и ако де факто не сме членка на НАТО фактички работиме и се однесуваме како да сме дел од Алијансата, рече на свеченоста министерот за одбрана Талат Џафери.
Во петнаесеттата ротација на мировната мисија ИСАФ во Авганистан, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, заминаа 156 припадници на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
За досегашното професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.
XS
SM
MD
LG