Достапни линкови

Молдавскиот Уставен суд ја забрани хемиската кастрација


Уставниот суд на Молдавија

Уставниот суд на Молдавија

Уставниот суд во Молдавија ја забрани хемиската кастрација како казнена мерка за педофилите. Судот оцени дека таквата медицинска интервенција како казна е кршење на основните човекови права. Молдавскиот парламент лани го усвои законот со кој се предвидуваше хемиска кастрација за оние што сексуално злоставувале деца под 15 години. Образложението беше дека Молдавија се повеќе станува дестинација за меѓународен секс туризам. Досега 5 лица беа осудени на казна хемиска кастрација, но таа не беше извршена бидејки се чекаше одлуката на Уставниот суд.
XS
SM
MD
LG