Достапни линкови

logo-print

И Франција следи комуникации и складира податоци


Француските медиуми објавија дека разузнавачката служба на Франција ги следи сите електронски комуникации, а податоците се складираат во централата на службата. Според Ле Монд, собраните податоци од телефонски разговори и интернет комуникации, се складираат со години на супер-компјутер, во кој имаат пристап сите безбедносни служби. Франција е еден од најголемите критичари на сознанието дека американската Агенција за национална безбедност следела комуникации и собирала податоци за американци и за странци. Францускиот претседател Франсоа Оланд во средата се закани дека ќе ги блокира трговските преговори меѓу Соединетите Држави и Европската Унија поради следњето на комуникациите.
XS
SM
MD
LG