Достапни линкови

Критичарот на Путин, блогерот Навални, може да добие 6 години затвор


Руското обвинителство побарало казна затвор од 6 години за блогерот и активист против корупцијата Алексеј Навални, кој е осомничен за проневера. Навални, еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, е обвинет дека проневерил околу половина милион долари од една градежна фирма во 2009-та година. Навални ги отфрли обвинувањата, изјавувајки дека се прави обид за негова елиминација како потенцијален ривал на Путин. Доколку Навални биде осуден на 6 години, ќе биде во затвор за време на претседателските избори во Русија во 2018-та година.
XS
SM
MD
LG