Достапни линкови

Македонија не ги искористува ИПА фондовите


Од вкупно 622 милиони евра од европските фондови за Македонија од 2007 година досега се искористени помалку од една третина, односно речиси 200 милиони евра.

Од вкупно 622 милиони евра од европските фондови за Македонија од 2007 година досега се искористени помалку од една третина, односно речиси 200 милиони евра. Овие податоци произлегуваат од европските годишни извештаи, но од македонските институции сè уште нема конкретен податок колку и како се искористени тие пари. Следната недела за прв пат во Македонија ќе се одржи надзорна расправа за досегашната искористеност на европскиот инструмент за претпристапна помош. Во меѓувреме ЕУ се подготвува за проектирање на следна седумгодишна програма.
Причините за ова се неколку, главната е комплексност и гломазноста на бирократскиот механизам на ЕУ фондовите и најмногу поради нискиот административен капацитет и недостигот на јасно поставени приоритети на национално ниво.

Билјана Стојановска од Институтот за европски политики, вели дека Македонија во однос на останатите земји кориснички има најниска искористеност на ИПА фондовите во три од петте компоненти.

„Причините за ова се неколку, главната е комплексност и гломазноста на бирократскиот механизам на ЕУ фондовите и најмногу поради нискиот административен капацитет и недостигот на јасно поставени приоритети на национално ниво“, вели Стојановска.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека досега македонските институции не направиле сериозна анализа за искористеноста на првиот циклус од европските фондови.
Освен еден штур извештај од Владата којшто не е сериозен бидејќи не ги опфаќа главните податоци и една промоција во Собранието на една анализа од невладини организации, значи тоа е сè за тоа како е рефлектиран првиот циклус на ИПА, што значи дека не се зема сериозно искуството во програмирањето на новиот циклус.

„Освен еден штур извештај од Владата којшто не е сериозен бидејќи не ги опфаќа главните податоци и една промоција во Собранието на една анализа од невладини организации, значи тоа е сè за тоа како е рефлектиран првиот циклус на ИПА, што значи дека не се зема сериозно искуството во програмирањето на новиот циклус“, вели Бојан Маричиќ од МЦЕО.

Тој додава дека во новиот циклус на програмирање на ИПА фондовите главниот акцент ќе биде ставен врз секторскиот пристап и, како што вели, секторите кои што ги прави владата се различни од тие кои ги планира Европската комисија.

„Владата си прави свои сектори, сега не ги засега Европската комисија и таму во тие сектори и работни групи коишто практично ги подготвуваат приоритетите, ставени се пред сè државни службеници, без големо вклучување или воопшто вклучување на засегнатите страни, граѓанските организации и така натаму што во старт дава една недоверба дека тој процес успешно ќе заврши. Паралелно на тоа Европската комисија исто така има создадено работни групи по сектори и тие се малку различни од тие на Владата“,

вели Бојан Маричиќ. Од друга страна, Собранието не е вклучено во овој процес, вели тој.

Стојановска додава дека, иако се очекува во наредниот период степенот на искористеност да забележи раст поради тоа што голем дел од проекти допрва ќе се финализираат, сепак остануваат прашања на кои треба да се посвети внимание во планирањето на проекциите од ИПА 2.

„Новата седумгодишна програма претставува предизвик и уште повеќе доколку на неа се гледа како на алатка за подолгорочни статешки планови, кои содржат насоки каде ќе се развива државата. Ова досега кај нас малку изостануваше. За ова неопходно ќе биде да се обезбеди поширока согласност за поставувањето на приоритетите на ИПА, што би било преку зголемена вклученост пред се на сите заинтересирани страни и поголемо вклучување на Собранието во целиот процес.“

За недоволната искористеност на ИПА фондовите, експертите ги упатуваат своите критики на адреса на недоволната транспарентност на Владата и отсуството на политичка волја, да се приближат неповратните европски пари до компаниите и граѓанскиот сектор.

Една од препораките во анализата на Институтот за европски политики е дека парите од тие фондови може да се користат како извор за креирање на мерки за справување со невработеноста. Во анализата е наведено дека треба да се напуштат досегашните практики, најголем дел од средствата од компонентата за развој на човечки ресурси да се трошат за јакнење на институционални капацитети затоа што за тоа си има посебна, друга компонента и да се насочат кон унапредување на програми за развој на човечки капител.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG