Достапни линкови

Кинеско-руски воени вежби во Јапонското Море


Кина и Русија денеска треба да почнат заеднички поморски воени вежби во Јапонското Море. Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа го цитира началникот на генералштабот на кинеската армија, генерал Фанг Фенгуи, кој вели дека вежбите од 5 до 12 јули имаат за цел „да одиграат позитивна улога во заштитата на регионалната безбедност и стабилност“. Кина учествува со седум бродови на вежбата – четири разурнувачи, две фрегати и еден брод со залихи. Руската Пацифичка флота учествува со 11 бродови, една подморница и три авиони. Русија и Кина одржаа заедничка поморска воена вежба и лани. Двете земји треба да одржат заеднички антитерористички вежби од 27 јули до 15 август во Русија.
XS
SM
MD
LG