Достапни линкови

Состојба на Мандела критична, но стабилна


Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела.

Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела.

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој вчера го посети поранешниот претседател Нелсон Мандела во болница во Преторија, соопшти дека 94-годишниот лидер во борбата против апартхејдот не е во „вегетативна состојба“. Во соопштението се наведува дека состојба на Мандела е критична, но стабилна и оти неговите доктори негираат дека првиот црн претседател на Јужна Африка е во „трајна вегетативна состојба“.

Претходно објавените судски документи покажуваат дека Мандела се одржува во живот со машини за дишење. Тој беше хоспитализиран на 8 јуни.

Мандела помина во затвор 27 години поради борбата против поранешниот расистички режим. Тој стана првиот црн претседател на Јужна Африка во 1994 година. Се залагаше за помирување меѓу црнците и белото малцинство во неговата земја.
XS
SM
MD
LG